По бугарското вето Заев му се заблагодари на Европарламентот за поддршката

Со засилена комуникација и дополнителен ангажман може да има успех за сите – за македонската интеграција, за Република Бугарија, за регионот и за Европската Унија.



Ова денска во Владата му го порачал премиерот Заев на членот на Европскиот парламент и претседавач на заедничкиот парламентарен комитет за соработка меѓу Европската Унија и Македонија, Андреас Шајдер. ????

“Премиерот Заев од своја страна се заблагодари на поддршката што доаѓа од Европскиот парламент и изрази очекување дека и покрај денешната одлука на Република Бугарија да не даде поддршка за преговарачката рамка за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, и дека со засилена комуникација и дополнителен ангажман постојат можности за излезни решенија за да има успех за сите, за македонската интеграција, за Република Бугарија, за регионот и за Европската Унија”, пишува во владиното соопштение објавено доцна вечерва.

Европскиот парламент во новиот состав досега официјално не реагираше ниту еднаш во правец на убедување на Софија да се откаже од уцените и заканите кон Македонија.