Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, вели дека
Отстранувањето на „20%“ и да стои изрично „албанскиот јазик“ во Уставот треба треба да се случи сега, кога ќе се отвори Уставот за внесување на Бугарите, вели лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари.
Тој вели дека уставните измени се историски момент зад кој стојат сите албански партии, вклучително и македонските партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
„Алијансата за Албанците е среќна што сега дојде моментот кога политичките партии во Македонија ќе можат да ја изразат својата согласност албанскиот јазик да се именува како таков и повеќе да не се нарекува погрешно ‘20%’ “.
Според претседателот на АА, сите партии кои ќе учествуваат во оваа промена ќе бидат запишани во историјата како демократски партии, особено европски,пренесува Плусинфо.







