По Бајден и министерката за одбрана Петровска во Киев

Министерката за одбрана Славјанка Петровска утрово пристигна во посета на Украина, во знак на поддршка на украинското лидерство и украинските граѓани во борбата за одбрана на својата земја и зачувување на својот суверенитет.



Бајден во нендејна посета на Киев

При средбите со претставници на официјален Киев, Петровска во Украина ќе го пренесе ставот кој Македонија го имаше од самиот почеток на руската агресија.

А тоа е дека Македонија “целосно го поддржува украинскиот суверенитет во своите меѓународно признати граници и дава поддршка на правото на Украина за самоодбрана. Воените дејствија, уништувањата и страдањата на украинскиот народ, мора веднаш да запрат“, се наведува во соопштението од МО.