Откако ќе бидат изведени пристапни патишта за околните населени места, автопатот Миладиновци–Штип ќе биде пуштен во употреба, вели директорот на ЈП Државни патишта Зоран Китанов.
Датумот за негово пуштање неколку пати досега беше поместуван, но сега се вели дека по автопатот ќе може конечно да се вози од средината на мај.
„Во проектот немаше патишта кои што се сервисирани за локалното население од околината. Тоа е делот веднаш спроти Свети Николе каде што има над 50 куќи кои што никако не биле опфатени, а претходно излегувале директно на патот.
Ние го видовме тоа, се проектираше надпатникот и тој е готов. Сега останува за странично да се поврзе и да се спои со тие населени места“, вели Китанов за Сител.




