По Арачиново, Ресен чека 4 милиони евра владина помош

Малку на шега но и со делумна сериозност ресенчани на социјалните мрежи очекуваат на наредната седница Владата по примерот на Арачиново на Ресен да му додели 4 милиони евра како помош за борба против Ковид-19.



За разлика од 21 заболен од Ковид-19 во Ресен според официјалните бројки вкупно досега имало 556 заразени а активни се 187.

Со оглед на тоа што Арачиново за своите 21 заболени доби 500,000 евра Ресен кој има 8 пати повеќе се надева на 4 милиони евра.

И според бројот на жители Ресен е сличен на Арачиново што на овој град му дава надеж дека владата на наредната седница ќе додели 4 милиони евра за населбата на брегот на Преспанското езеро.