ДУИ на Али Ахмети продолжува со нападите врз медиумите кои поставуваат логични прашања поврзани со можен криминал и корупција на владејачките структури.
По нападот од лидерот Ахмети врз ТВ Алфа и Телма (Која Ахмети понижувачки ја нарече Телма Мелма) денеска и министерот за економија Крешник Бектеши ја нападна Канал 5 грубо обвинувајќи новинарка на оваа телевизија за наместени прашања.
Бектеши доби логично прашање зошто наместо поефтин гас преку Макпетрол владата набавува многу поскап гас од бугарска компанија.
Наместо одговор на прашање од исклучителен јавен интерес на граѓаните, Канал 5 доби навреди и клеветa од министерот за економија Крешник Бектеши.
Повеќе детали во прилогот на Канал 5
Не запира вербалното насилство од ДУИ и СДСМ врз медиумите
АВМУ со остра осуда на нападот на министер на Ковачевски врз новинарка






