Вакцините кои Грција ги најави за Македонија, утре наутро се очекува да пристигнат во Скопје, дознава дописничката на МИА од Атина.
Од јужниот сосед ќе стигнат 20.000 дози од Астра Зенека…
Од Атина, денеска за Албанија беа испратени 20.000 вакцини АстраЗенека, а утре наутро ќе пристигнат и во Скопје
На почетокот на месецов, Пелони одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на редовниот брифинг со новинарите, потврди дека Грција, во координација со Европската Комисија, ќе испрати по 20.000 дози од вакцините за Македонија и Албанија, откако претходно, министерот за здравство Венко Филипче откри дека Македонија очекува 70.000 дози од вакцините, од кои 50.000 од Бугарија и 20.000 од Грција.







