По агонијата Дурловски бара сплотување за Македонија

Гласањето за промена на името во Собранието за еден од лидерите на движењето “За заедничка Македонија” и оперски ас Игор Дурловски е агонија по која сепак Македонците можат да се обединат.



“После оваа агонија, смртта ќе ги одвои телото и духот на татковината. Телото ќе се распаѓа, а духот ќе стане #светлина.

Ќе се обединиме сите кои живееме во верба и надеж, посилни и сплотени во ИДЕЈАТА ЗА МАКЕДОНИЈА!”, порачува Дурловски кој одби амнестија за 27 април и чека на судењето во текот на овој месец да докаже дека не е виновен за тероризам како што го гони јавното обвинителство.