По 66 дена, прва вечер без полициски час

Владата вчера на седница донесе одлука за укинување на полицискиот час воведен пред повеќе од два месеца како превентивна мерка за ширење на епидемијата на коронавирусот.



Одлучено е од утре да почнат со работа отворените делови на рестораните и кафулињата, а работата во затворените делови и во објектите кои немаат тераси, ќе се регулира во наредната фаза.