Тригодишно девојче беше спасено денеска од под урнатините на зграда во во Измир, соопштија властите, речиси три дена по силниот земјотрес во областа на Егејското Море, во кој загинаа 81 лице 79 во Измир и двајца на грчкиот остров Самос.



Телевизиските снимки покажуваат како спасувачите ја извлекуваат девојката Елиф од урнатините и ја водат до амбулантата со инвалидска количка, 65 часа по земјотресот.

Двете сестри и братот на девојчето Елиф беа спасени во саботата заедно со нивната мајка, но едно дете подоцна почина.

“Илјада пати ти благодарам, Боже мој. Ја извлековме нашата мала Елиф од станбениот блок”, објави на Твитер Мехмет Гулуоглу, шеф на владината агенција за катастрофи, пренесе Ал џезира.