По цели 6 години заедно во власта во која Љубомир Јовески е избран за државен јавен обвинител од владата на СДСМ каде Оливер Спосовски беше и технички премиер, двајцата главни фактори во борбата против криминалот потпишаа договор за соработка.
Што чекаа до сега не им е јасно и на искусни адвокати кои добро ја познаваат состојбата во правосудството и политиката.
Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство ќе ги уредуваат клучните области на заедничкото постапување на двете институции. Во рамки на иницијатива на Здружението на јавните обвинители, а со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, министерот Оливер Спасовски и државниот обвинител Љубомир Јовески денеска го потпишаа Протоколот за соработка.
Граѓаните од нас очекуваат да соработуваме и да им испорачаме ефикасна правда. Само обединети на фронтот против сторителите на кривични дела можеме да постигнеме резултати со кои ќе ја вратиме довербата на јавноста во институциите на системот, вели Јовески.
Министерот Спасовски во своето обраќање посочи дека овој Протокол има за цел да им помогне поефикасно да ги водат кривичните постапки, имајќи ги предвид заштитата на правата на жртвите, осомничените и обвинетите, во согласност со националното законодавство и потпишаните меѓународни договори.
Допрва???? Па до сега што правевте бе луѓе!!!!!😱😱😱
Потпишан Протокол за соработка помеѓу МВР и ЈО за поефикасно водење на кривичните постапки – Слободен печат https://t.co/Pv9MlgV8Bj
— Aleksandar Tortevski (@atortevski) March 30, 2023






