По 5 години умилкувачки однос, владата на СДСМ и ДУИ со напаѓачки пораки до Софија (ВИДЕО)

Во видео што сама го објавува министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска таа упатува отровни стрели кон Бугарија за погромот на македонските Евреи за време на бугарската окупација на Македонија.



Ова е прв напад од член на владата на СДСМ и ДУИ кон Бугарија по 5 години умилкувачки однос кон Софија и премолчување на низа понижувачки ситуации за Македонија.

Изјавата на министерката е дадена на одбележувањето на 80 години од транспортот на македонските Евреи во логорот Треблинка од каде не се вратил речиси ниту еден од депортираните.

Новата реторика на СДСМ кон Бугарија се случува по последното истражување на јавното мислење според кое 80 проценти од Македонците се против влезот на Бугарите во уставот.

Изјавата на министерката во која таа индиректно но многу прецизно зборува за фашистичкиот бугарски окупатор кој е виновен за уништувањето на Евреите во Македонија: