Нешто помаку од 10 милиони Грци денеска гласаат на предвремените парламентарни избори за состав на 19-от по ред парламентарен состав од 1974 кога, по периодот на воената хунта, беше реставрирана демократијата во земјата.



Предвремените избори беа свикани на барање на досегашниот премиер Алексис Ципрас откако владејачката СИРИЗА претрпе значителен пораз на европските и локалните избори што се одржаа минатиот месец, пишува „Катимерини“.

Анкетите во пресрет на изборите упатуваат на дека јасна победа ќе изојува главната опозициска Нова демократија и нејзиниот лидер, Киријакос Мицотакис.

Последен пат, парламентарни избори во лето, што е необично, се одржаа на 19 август 1928 година, а претходно – во 1910 (21 август) и во 1875 (18-ти јули).

Дваесет парѕтии се натпреваруваат за 300 пратенички места во грчкиот парламент, а за една партија  да влезе во грчкиот Парламент потребно е да добие минимум 3% од гласовите.

Во зависност од тоа колку мали партии ќе обезбедат место, така и се распределува бројот на пратеници. Односно, помалку партии повеќе пратенички места за победникот и обратно.

Доколку се потврдат предвидувањата на грчките агенции за рејтинг и Мицотакис добие доволен број на гласови да еднопартиска влада, тогаш, како што најави идната влада е веќе подготвена, знае кои ќе бидат министри, а свечена заклетва ќе положат во вторник.

Новоформираниот Парламент ќе ја има првата сесија на 17 јули со свечена заклетва на новите пратеници, а следниот ден ќе се гласа новиот претседател на Парламентот, ќе има презентирање на владината програма и – гласање доверба на новата влада.