Основачот на оваа група на социјалната мрежа “Телеграм”, Дарко Костовски доби 4 години затвор, а на исто толку години е осуден и администраторот Михаил Паневски.
Костовски и Паневски се гонеа за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија.
Дури 102.000 фотографии и видеа биле најдени во телефонот на Костовски, а повеќе 14.000 фотографии и видеа кај Паневски, кажа судијката Билјана Коцевска.
„Обвинетите се огласуваат за виновни бидејќи првообвинетиот ја основал групата Јавна соба на Телеграм, а второобвинетиот како модератор иако морале да внимаваат што се прикачува во групата, дозволиле да се направи достапно видео со порнографски елементи со дете“, додаде Коцевска.
Двајцата беа и во притвор поради опасност од бегство.






