По 4 години на власт Заев ќе се ослободува од режимот, најави смени во АВМУ и МРТВ

Во одговор на прашања на Синдикатот на новинарите за прашања поврзани со професионалното новинарство лидерот на СДСМ Заев најави смени во две важни институции важни за медиумите и новинарите.



Заев со твитот практично ги обвини раководствата на Агенцијата за медиуми и на Македонската радио телевизија дека не се професионалци.

Во исто време Заев кој на власт дојде на 1. Мај 2017 за наводното кочење на процесите ги обвини лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и пратеникот Илија Димовски.

“АВМУ и НРТВ (МРТВ) ќе добијат раководства од професионалци, избрани пред цела јавност, за конечно ослободување од режимот. @MickoskiHM и @ilijadimovski веќе нема да го кочат овој процес бидејќи #СДСМ ќе освои големо мнозинство пратеници, со што слободата ќе издоминира врз принудата”, пишува Заев во твитот кој ги вознемири вработените во АВМУ и МРТВ кои твитот на Заев го доживуваат како закана за чиста.