Четирогодишната Ајда Гезгин е извлечена жива од под урнатините на една зграда во Измир дури 4 дена по катастрофалниот земјотрес кој однесе 100 животи.



Таа била однесена до амбулантно возило додека собраните граѓани воодушевено го поздравувале подвигот на спасувачите, аплаудирајќи им и извикувајќи „Бог е голем“.

Сепак, мајката на Ајда не преживеала а нејзиното тело, нешто подоцна е пронајдено под урнатините на згарадата, а „АП“ дознава дека таткото и братот не биле во зградата во моментот кога се урнала.