Парична казна во износ од по 300 евра и мерка протерување од земјава, како и забрана за влез во државата за период од три години им изрече Судот на тројцата бугарски државјани, кои беа приведени на граничниот премин „Деве Баир“ поради нарушување на јавниот ред и мир.
35-годишниот Г.З., 50-годишниот А.Х., и 54-годишниот Р.Х (54), како што соопшти МВР, биле приведени околу 12:45 часот откако се однесувале дрско и недолично и прво вербално, со најпогрдни зборови, а потоа се обиделе и физички да нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства.







