По 30 дена притвор за шестемина уапсени со 200 килограми марихуана

Скопскиот кривичен суд на шестемина осомничени за шверц на марихуана уапсени во завчерашната акција на полицијата и американската ДЕА.



Од Обвинителството за Канал 5 велат дека се работи на истрагата а засега е рано да се одговори дали ќе има нејзино проширување.

Зад решетки заврши и командирот на прилепската полиција Кире Спиркоски, како дел од групата која полицијата ја уапси во близина на селото Раец во обид да ја пренесе марихуаната.

Од ВМРО ДПМНЕ тврдат дека еден од приведени во акцијата е Александар Ушилковски, личен возач на Трајче Заев, братучед на премиерот Зоран Заев, но и дека пратката со марихуана тргнала од Фирмата Medical 420 од Битола која според партијата е директно поврзана со фамилијата Заеви.

Трајче Заев, кој – како што тврди денеска – од март е во Дубаи, негира било каква поврзаност со некој од лицата, возилата со кои се пренесувала марихуаната и со споменатата фирма.