Партијата ДОМ на денешниот конгрес ќе го избере новиот лидер, откако досегашната претседателка во три мандати, Лилјана Поповска, побара да не биде кандидирана.
Единствен кандидат за претседател е Маја Морачанин, а Поповска пред почетокот на конгресот изјави дека со мирна душа ја остава партијата на следните генерации кои, како што рече, имаат капацитет да продолжат со ист ентузијазам како и досега.
Конгресот се одржува под слоганот „Зелени вредности-наша трајна визија“.





