По цели 27 години користење на нивни услуги Македонски Телеком исклучил свој претплатник иако имал уредно платени сметки.
Скопската легенда Јохан Елзесер објавува порака упатена до Дојче Телеком во која наведува дека иако сите сметки му се платени неговиот мобилен број е исклучен од непознати причини.
,,Тоа е таа грижа за 27 годишни корисници!
Ееее мој Telekom MK мој Мобимаку…
Мизеријо…”, пишува Елзесер кој во пораката наведува дека сметките му се платени на 16, уплатата е регистрирана на 19ти а тој е исклучен на 21 декември.
Зошто Македонски Телеком кој е дел од германскиот гигант Дојче Телеком вака се однесува со своите долгогодишни претплатници не може да се разбере од информацијата на Елзесер.

Македонски Телеком неодамна беше дел од скандалот Паразити кога беше откриено дека директорот на компанијата Никола Љушев добива огромна плата од над 11 илјади евра месечно.
За улогата на Љушев во аферата со Шкодране Дардишта од ДУИ (член на УО која се закани со војна) во моментов се истражува можно кривично дело поврзано со законот за Трговски друштва кое го сторил директорот на Македонски Телеком.






