По 20 години САД заминуваат од Авганистан

Генералот Скот Милер, командант на американските сили во Авганистан, вчера предупреди дека би било „грешка“ да се напаѓаат американските трупи во услови на зголемени тензии во земјата откао од 1 мај почна повлекувањето на странските трупи.



Неколку земји-членки на НАТО распоредија дополнителни сили да обезбедат заминување на војската.

Постојат стравувања дека талибанците можат да нападнат воени единици за време на повлекувањето на меѓународните сили.

По 20 години, САД и НАТО официјално започнаа да ги повлекуваат своите последни трупи од Авганистан, соопшти ДПА.

Администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп се согласи да ги повлече американските трупи од Авганистан до 1 мај 2021 година, во договор со талибанците.

Но, актуелниот претседател Џо Бајден минатиот месец објави дека силите ќе останат во земјата до 11 септември годинава.