„Трагично е што за Филипче 3 месеци потоа виновен е Наќе Чулев и Гордана Димитриеска Кочовска, а не на пример Оливер Спасовски кој ништо не презема за санкционирање на еден клуб од Струмица кој се вика Аватар и не се затвора затоа што е близок до власта на Заев“ велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде денеска побараа оставка од министерот за здравство затоа што за една недела има повеќе од 2.000 заразени од коронавирус.



Велат дека министерот за здравство, Венко Филипче тврдеше дека толку заразени ќе имаме за време на цела епидемија.

„Монтажните болници кои се уште не се во функција не е за тоа што Димитриеска Кочовска ги блокирала, туку затоа што Филипче наместо да ја заврши работата мислеше како да го зголеми плацот во Нерези на кој гради хациенда со сегашниот заменик министер за здравство. Гордана Димитриевска Кочовска не потпиша заем од 90 милиони евра чие образлозение беше на срамни два листа хартија. Тој криминал не поминува“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.