Велешкиот градоначалник Марко Колев го најави денешното отворање на градското кино „Киноверзум“, и велешани по 18 години повторно ќе може да видат проекција на филм во својот град.

Новото велешко кино денес ќе ја има својата прва проекција со почеток во 18:00 часот.
После 18 години велешани ќе можат да ја возобноват кино културата во градот почнувајќи со “Аватар 2: Патот на водата”. Најавено е проекција и на други најпознати и најнови филмски наслови.





