Македонија 17 години чека пред вратите на Европската Унија, а ако годинава не ги започнеме преговорите, тогаш ќе се приближиме до неславниот рекорд на Турција, која чека уште од 1999 година.



„Проширувањето во целина е де факто замрзнато неколку години наназад. Ако сме реални, треба да кажеме дека ЕУ сѐ уште, за жал, е свртена кон внатре и има дебати како треба да изгледа иднината на Европа. Добар дел од надворешната политика моментно е прекоупирана со кризата во Украина, но потребен е посебен ангажман на Западен Балкан – истакна претседателот на денешната амбасадорска тркалезна маса „Пристапувањето на Западниот Балкан кон ЕУ.

Шефот на државата оценува дека „намалена е поддршката на граѓаните за членство во ЕУ, довербата опаѓа“ и дека нема добри вести во регионот околу проширувањето.

Претседателот порача дека ЕУ нема ниту една рационална, стратешка или тактичка причина да се плаши од влегувањето на Западен Балкан зашто и економскиот и демографскиот ефект на сите шест земји би бил далеку помал од влезот на која било друго држава што претходно станала член.