Мелбурн, главен град на австралкиската држава Викторија по 112 дена ќе излезе од карантин во среда откако не е регистриран нов случај со ковид-19 за прв пат од јуни наваму, јави Би-Би-Си.



Денеска властите изјавија дека градот е подготвен повторно да се отвори.

– Со ниеден нов случај и толку многу тестирања викендов, во можност сме да кажеме дека сега е време да се отвориме. Ова се должи на секој еден Викторијанец, кој ги следел правилата, останал на курсот, работел со мене и со мојот тим за да го доведеме до крај овој втор бран – изјави премиерот на Викторија, Даниел Ендрус.

Во јули Викторија имаше повеќе од 700 случаи на ден, но строгите мерки за седење дома и полицискиот час ги намалија бројките.

На 28 октомври во Мелбурн жителите ќе можат да ги напуштат своите домови, ќе се отворат сите продавници, ресторани, кафулиња, барови со рупи од 10 луѓе внатре, ќе се дозволат посети по дома, но деталите за тоа ќе се соопштат утре, на свадби ќе биде дозволено до 10 луѓе, на погреби до 20, а групирање надвор ќе биде дозволено до 10 луѓе.

Во Австралија, со 25 милиони жители имаше 27.500 заразени – многу помалку од други земји. Земјата влезе во карантин во јули кога имаше по 100 заболени дневно. Инфекцијата достигна врв по еден месец и после тоа почна да опаѓа.

Жителите на Мелбурн се соочија со строг крантин: имаа ноќен полициски час, еден час надвор за вежбање, забрана за патување повеќе од 5 км од нивниот дом.