По 11 месеци од службената белешка на АНБ бизнисменот Јордан Камчев излезе од притвор каде беше затворен за случај во кој досега против него нема никакви релевантни докази.
Скопска апелација прифати тој да се брани во случајот „Плацови на Водно“ од слобода.
На Камчев му се одредени други мерки на претпазливост при што судиите барале од бизнисменот да се пријавува повремено во суд.
Ослободувањето од притвор е прифатена со гаранцијата од скоро 11 милиони евра која ја понудил.
На 31 декември, поради влошена здравствена состојба, Камчев беше пренесен на лекување во „Систина“.
Камчев беше во притвор поради случајот „Плацови на Водно“ каде е петтообвинет но каде засега за него нема никакви цврсти докази од обвинителството за сторено кривично дело.






