.



Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја осудува изјавата на Али Ахмети дека Украинците треба да издржат зашто така ќе ја добијат оваа војна, давајќи пример како тоа го направиле Албанците во МНакедонија.

„Бидете силни и не предавајте се никогаш, така победивме и ние, бидејќи ние не се предадовме никогаш”, рекол Ахмети.

„Со оваа изјава, Ахмети свесно сака да ги понижи своите сограѓани Македонци, претставувајќи ги како губитници на конфликтот во 2001, а себе си како победник.

Вакви изјави не се долични за политичари кои се стремат кон меѓуетнични спокој. Ако ДУИ и Ахмети сакаат да живеат во ‘едно општество за сите’, треба да се оградуваат од изјави кои се навредливи кон мнозинскиот македонски народ.

Го повикуваме Ахмети да се извини за оваа изјава. Исто така ги повикуваме Владата и соодветните органи да создадат рамка и стандарди на изразување, особено кога тоа се однесува на претставување на Македонија пред важни меѓународни организации или држави“, се вели во реакцијата на ОМД.