„Плусинфо“: Зоки коа сакаше да му ја скрши кичмата на Геро – Гони ги у п… у матер

Откако премиерот Заев го споменал во негативен контекст во емисија на Канал 5 новинарот Бранко Героски седнува и ја пишува својата најдобра колумна во последно време.



“Иии… ми се јавуе синоќа братми и ми вика брат, Заев те нападна! Како бе, кога, кој Заев, оној што му ја скршија кичмата или брат му пошто двајца се. Не бе не брат му, оној што му ја скршија кичмата…Грците…иии… Бугарите…иии… Добро бе, кој стигна му ја скрши, преџи са журнала на филм. Шо бе филм, брат, сега те сачека…иии…и на тебе сакаше да ти ја скрши кичмата. Што збориш бе, Зоки значи! А каде тоа? На Канал 5, во „Само вистина“! Ај не забавај, фејк њуз, Заев и само вистина не иде тоа заедно. Добро, брат, „Само интервју“, не биди и ти сеа пицајзла…

Мајку му стара. Ме замисли братми. Ми се врати сликата од пред година ипол две коа ми ја скршија кичмата у „Слободен печат“. Болеше, у пичку матер. Ама не знам дали тогаш беше најкрив Зоки пошо на него му ја скршија кичмата неколку пати ама не му ја скршија глаата шо почна да заборава кој го тураше во корито и го тешееше и му викаше да издржи зашо после коа ќе се навежбаме заедно ние на сите ќе им ја скршиме кичмата. Еј, шо гомна сум јал…

Последен пат Зоки сакаше да ми ја скрши кичмата кога беше аферата „Рекет“. Деноиве пред години. Тоа памтам. И тогаш не ме кажа по име пошо е слаб со кичмата, туку ме нарече суетниот новинар. Од тогаш во Битола ме викаат Суетнио. Ја, заедно со еден педер и со неколку криминалци, ви текнуе, сме сакале да му ја скршиме кичмата на него. Нема везе шо не беше така, Зоки беше во паника зашо му беше јасно дека ќе се случи она што мораше да се случи – моите приказни со измислени ликови станаа истраги и обвиненија за кои сега се суди, а се открија и врските на СДСМ и на луѓето блиски до Зоки со тие неколку криминалци и со тој другиот шо Зоки го викаше еден педер со опроштењем на елџибити, зашо сакаше прво на него да му ја скрши кичмата и на тоа да заврши. Него, батали сеа спомени…”, пишува Героски во својата колумна која може да ја прочитате во целост на Плусинфо.