Веќе денеска Владата може да го достави до Собранието предлог законот за државјанство со европско знаменце, усогласен помеѓу власт и коалицијата АА/А, потврдуваат за Плусинфо од Владата.
И покрај договорот меѓу Владата и опозициските партии на Албанците, законот за државјанство остана блокиран во Собранието.
„Правиме напори денеска на владина седница да помине усогласениот текст на Законот за државјанство. Законот ќе биде со европско знаменце, бидејќи државјанствата на ниво на Европа се уредени со Европски регулативи. Што и да се менува во таквите закони е со европско знаменце“, вели за Плусинфо функционер од Владата.







