Покрај строгите протоколи (негативен ПЦР тест, две дози на вакцина, тест за антитела и пополнување на формулари) постои уште еден документ кој мора да го поседуваат граѓаните на Македонија кои биле во (само)изолација доколку сакаат да патуваат во странство, а доколку го немаат може да заработат и парична казна, пишува Плусинфо



Дел од нив и по оздравувањето од ковид-19 сè уште се наоѓаат на листата на МВР дека се во изолација поради коронавирусот.

Ваквото непријатно искуство на „Фејсбук“ го сподели скопјанката Елизабета Стефанова при обидот со нејзиното семејство да замине на патување во странство.

„За патување во странство, ако сте биле во карантин, освен што ви треба негативен ПЦР тест, ви треба и ПОТВРДА ОД МАТИЧЕН ЛЕКАР дека сте завршиле со карантинот. Дополнително, барајте од епидемиологот од Центар за Јавно здравје (ЦЈЗ) да ве излекува во системот и да пушти известување до МВР.

Она што го вика Венко „асимптоматските случаи автоматски излегуваат од изолација за 10 дена“ НЕ ФУНКЦИОНИРА. Ова го пишувам од лично искуство, бидејќи бевме вратени од аеродром со полициска придружба, со две дечиња од осум и две години, третирани како криминалци, само затоа што има некаква грешка во системот и нас нè има во список на лицата кои не смеат да ја напуштат државата“, објави Стефанова.

Плусинфо побара одговор од Министерството за внатрешни работи како е можно лице кое е излекувано од ковид-19 сè уште да биде на листата за изолација и што треба некој да направи доколку сака да ја напушти државата.