Инспектори на Управата за јавни приходи констатиралe дека ЈСП Скопје навистина им ја должи побаруваната сума од околу 1,5 милиони евра – на „Макекспрес“ 30 милиони денари и на „Слобода Превоз“ 62 милиони денари..



Директорот на „Слобода Превоз“, Ленин Јовановски, Плусинфо открива дека инспектори на УЈП два дена ги проверувале документите на неговата компанија и на „Макескпрес“, како и на Јавното сообраќајно претпријатие, при што бил констатиран долгот на ЈСП Скопје кон приватните превозници.

„Вчера го добивме записникот од УЈП, во кој може да се види дека нема никаков криминал, како што обвинуваше Арсовска, нема никакви дејствија надвор од договорните односи меѓу нас и ЈСП и Градот Скопје. Во записникот е констатиран долгот од увидот во целата сметководствена документација, со точната сума која претходно ние ја побарувавме“, вели Јовановски.

Јовановски вели дека премиерот Ковачевски сега ги има фактите на маса и го повикува да го оддржи ветувањето дадено пред два дена за средба со приватните превозници.