Клучен извод за струја бил „присвоен“ од страна на 3 арачиновсци порадиж што 160 соседи во темница, дознава Плусинфо.



„Веќе шести ден по ред не може да се поправи дефект на извод на дистрибутивната мрежа на ЕВН, бидејќи тројца мештани царуваат како посакуваат со истиот и не им дозволуваат на екипите на ЕВН да работат. Поради нивното нехумано однесување, 160 жители се принудени во 21 век да живеат без струја и без можност да ги уживаат основните права и потреби“, вели извотр на Плусинфо.

Според неофицијални информации, А.Ќ., Р.С. и Д.Н. се лицата кои ја спречуваат санацијата на дефектот.

Од ЕВН за Плусинфо велат дека ги користат сите правни мерки со цел да ја решат ситуацијата и дека се обратиле во МВР, па очекуваат со нивна помош наскоро да го санираат дефектот.