Најнова поврзана вест
Иако добро знаат за жестоката пресметка меѓу нивниот актуелен партиски/владин шеф и екс претседателот на СДСМ
Двајца министри на Ковачевски завчера на иста маса со Заев (ФОТО)
Порталот Плусинфо објавува нови детали за планот на Заев да се врати во политиката.
Со наслов ,,Погодете кој се гледа во улогата на заеднички кандидат на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ за шеф на државата!” порталот пишува дека втората рунда на битката меѓу Заев и Ковачевски би можела да се случи во т.н. некрстени денови, од Божиќ до Водици. Периодот од раѓањето до крштевањето на Исус се смета за период опасен за луѓето, време кога се во движење разни „нечисти“ сили, се фрлаат магии и се бркаат демоните и болестите. Дали поранешниот и сегашниот лидер на СДСМ токму во тие 12 дена ќе фрлаат магии, ќе глумат ангели и ќе бркаат демони?
,,Откако Плусинфо вчера ексклузивно откри што се случувало на состанокот во седиштето на СДСМ на 21 декември, на кој Зоран Заев и Венко Филипче дошле со намера да се пресметаат со Димитар Ковачевски, а си заминале со течење од ногавици, во последните 24 часа екипата на поранешниот премиер молчеливо се прегрупира за нова битка.
Во текот на вчерашниот ден се случи она што го очекувавме и што го најавивме. Освен спорадични напади врз авторот на овој текст на социјалните мрежи, Заевата пропагандна машинерија гласно го одмолча написот. Немаше деманти од учесниците на состанокот на 21 декември. СДСМ официјално не се огласи во врска со изнесените наводи дека поранешниот партиски лидер со сите сили се обидува да ги поткопа позициите на својот наследник Димитар Ковачевски и за таа мисија бара сојузници на сите страни, дури и во врвот на ВМРО-ДПМНЕ,
“, пишува во текстот според кој наместо тоа, Плусинфо доби потврда од високо позициониран извор во албанскиот политички блок, кој вели дека во неговата партија за настапот на Заев на Бихаќка дознале пред десетина дена, што ќе рече веднаш по одржувањето на состанокот на раководствто на СДСМ. Изворот смета дека планот на Заев е во целосна координација со некои структури во албанските политички партии.
,,Од два независни извора блиски до раководството на СДСМ добивме објаснување зошто во планот на Заев е предвидена елиминација на актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски и кој би можел да биде кандидатот за оваа функција што заеднички би го поддржале ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Но, за тоа подоцна.
БИЗНИСМЕН Има ли бизнис-империјата Заеви причини за загриженост?
Најважното прашање, кое бара поширока експликација, е зошто Заев одненадеж е толку загрижен за состојбите во СДСМ и во државата и зошто ризикувал да настапи со план, во ситуација кога лесно можел да претпостави дека ќе биде одбиен. Дополнително прашање поврзано со ова е каква врска имаат Американците со драмата во СДСМ.
Како што е познато, Зоран Заев има релативно долг стаж во политиката. Беше градоначалник на Струмица, беше лидер на СДСМ во опозиција обилно поддржан од меѓународниот фактор (најмногу од Американците) во периодот на борбата против режимот на поранешниот премиер Никола Груевски и потоа и самиот беше премиер безмалку пет години. Заев не е универзитетски професор (иако течно зборува англиски и неколку други јазици, на пример), не е лекар како неговиот најблизок сопартиец и сега натурализиран Струмичанец Венко Филипче и не е уметник. Тој е бизнисмен, трговец по вокација.
Општо е познато дека семејството Заеви има повеќе успешни бизниси, а нивните компании и имоти се раширени во повеќе земји на Балканот (главно во Србија и во Бугарија), а во поново време и во некои подалечни топ бизнис-дестинации, каква што е Дубаи, на пример. Во сето тоа, се разбира, нема ништо спорно. Напротив. Проблемот е во фактот што за време на своето владеење, Муртинецот ги прошири влијанието на бизнис-империјата Заеви и формалните и неформалните бизнис-партнерства со многу македонски компании и со нивните сопственици. Дел од нив се во сомнителни бизниси, а не е тајна и тоа дека дел од тие луѓе се корумпирани.
Новата американска амбасадорка Анџела Агелер, уште недојдена во Македонија, изјави дека една од нејзините први задачи ќе биде да ѝ помогне на земјава во справувањето со организираниот криминал и со корупцијата. Дека Амбасадата на САД не се шегува стана јасно кога во Македонија ненадејно се појави тим за санкции од Вашингтон. Прв пат се случува такво нешто во историјата на Македонија. Подоцна некои наши функционери, меѓу кои и секогаш „аналитички“ расположениот претседател Стево Пендаровски, објаснија дека станувало збор за дипломати кои воделе разговори со повеќе луѓе во Македонија. Пендаровски најави дека оваа мисија може да има врска со ажурирањето на црната листа на американскиот Стејт департмент, на која би можеле да се најдат и функционери од актуелната власт.
Нема начин во Македонија да се поведе остра борба со корупцијата и со организираниот криминал во Македонија, без да се отвори фронт со дел од актуелната политичка гарнитура на власт, но и со луѓе од бизнис-елитата. Дополнително, нема начин една таква борба да не ги засегне интересите на Зоран Заев, неговите конекции и партнерства и влијанието во локалните бизниси во Македонија, но и пошироко. Никој точно не може да каже колку длабоко и колку сериозно една жестока антикорупциска кампања би можела да ја погоди бизнис-империјата Заеви, но со голема сигурност може да се претпостави дека многу луѓе што правеле разни дилови со нив имаат сериозни причини да бидат загрижени”, пишува порталот кој тврди дека Оливер Спасовски нема да игра за екипата на Заев.
Сите детали на овој ЛИНК





