Информативниот портал Плусинфо денеска полни осум години.
„Плусинфо продолжува да биде медиум кој со професионално известување и конструктивна критика придонесува нашето општество да стане подобро место за живеење.
Горди сме на резултатите што ги постигнавме, особено на влијанието и кредибилитетот на Плусинфо, чиј издавач, Здружението на граѓани Член 16, успеа да изгради препознатлив водечки бренд на пазарот на интернет медиуми…
Се читаме“, порачуваат од порталот.





