„Плусинфо“: Се видел ли Заев со „кралот на марихуаната“?

Медиуми, повикувајќи се на објава на Инстаграм, пренесоа вест дека еден од најголемите производители на канабис во светот, Биг Мајк, бил официјален гостин на премиерот Зоран Заев во Владата на Македонија.



Биг Мајк на Инстаграм напиша дека Македонија ќе се претвори во една од најголемите канабис суперсили во светот.

Медиумите потсетуваат дека целосното име на овој лик е Мајкл Страумитис, а самиот тој се нарекува „Марихуана Дон“.

Бидејќи на сајтот на Владата и на официјалниот ФБ профил на Заев нема вест за оваа средба, од Плусинфо побараа објаснување околу ова од  советникот Марјан Забрчанец.

Извор:Плусинфо