Министерството за правда, доставило нов предлог-закон за амнестија по скратена постапка, дознава од партиски извори Плусинфо .
Според сознанијата до кои дојде порталот, законот предвидува намалување на затворските казни за 30% за правосилно осудени сторители на кривични дела.
Законот не ги опфаќа т.н. високопрофилни случаи, меѓу кои се и пресудите за поранешниот премиер Никола Груевски, за кои се шпекулираше дека ќе бидат опфатени со амнестија.
Исто така со предлог-законот нема да бидат опфатени ни осудените за настаните на 27 април 2017 година во македонскиот парламент, наспроти шпекулациите дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се пазарат за евентуална амнестија на овие случаи, како наводен услов опозицијата да ги поддржи уставните промени.
Целта на овој закон со амнестија е ДУИ предизборно за 30% да им ги намали казните на припадниците на својата партиска војска, кои во овој момент се наоѓаат по затворите, вели извор од опозицијата за Плусинфо.





