Опозициските партии на етничките Албанци во Македонија – Беса, Алтернатива и Демократско движење – го предлагаат Руфи Османи за кандидат на претседателските избори, дознава Плусинфо од партиски извори.
Руфи Османи е поранешен пратеник на ПДП, градоначалник на Гостивар и поранешен лидер на партијата Национална демократска преродба.
Ова отвора дилема дали и ДУИ ќе треба да излезе со свој кандидат…
„Ако опозицијата на етничките Албанци лансира свој кандидат и ако тоа не го стори ДУИ, тогаш голем дел од гласачите Албанци би гласале за кандидатот Албанец, коментираат политичките аналитичари.
Од друга страна, ако и ДУИ оди со свој кандидат, посочуваат експертите, тогаш би имало двајца кандидати Албанци, а би се загубила поддршката за кандидатот на СДСМ“, пишува Плусинфо.






