Во неделата, на прв ден Велигден, околу 04.45 часот, пред угостителски објект во Кривогаштани бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу полицајците А.Ј.(41) од с.Житоше и К.А.(45) од с.Житоше.
Плусинфо дојде до снимка од тепачката меѓу полицајците.
На видеото се гледаат двајјца полицајци кои се тепаат, а трет пробува да ги раздели. Едниот од полицајците вриснува и се фаќа за пиштолот. Другиот пцуе, а потоа си заминува. Потоа едниот од полицајците влегува во сив „голф“, пишува порталот
Од СВР Битола велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и ќе биде поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспендирање од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка.







