Плусинфо: Нема датум во јуни

Сè уште нема усогласено решение со Софија како основа за заемно прифатлив договор, со кој Бугарија би ја тргнала блокадата на евроинтеграциите за Македонија.



Решение со Бугарија е можно единствено ако тоа се заснова на европски вредности, на принципи на задржување на достоинството на граѓаните на двете држави и на меѓусебна почит меѓу политичарите, институциите и граѓаните, потсетува „Плусинфо“ на зборовите на премиерот Димитар Ковечевски.

„Сè додека нема такво решение кое што ќе се базира на овие вредности, нема да има решение. Во моментов, како и во претходниот период, министерствата за надворешни работи разменуваат идеи меѓу себе, меѓутоа нема изгласано заедничко решение кое што може да биде основа за меѓусебен договор и за споделување со институциите во едната или во другата држава“ изјави Ковачевски, додавајќи дека разговорите продолжуваат.

Премиерот на Бугарија Кирил Петков, во изјава во петокот, исто така, потврди дека нема да биде потпишан конкретен договор во текот на посетата на бугарската делегација на Македонија на 22 мај.

„Средбата сè уште не е финализирана, но едно е сигурно, ние само го продолжуваме конструктивниот дијалог, но нема да биде потпишано ништо конкретно“, изјави Петков.

Од неговиот Кабинет денеска соопштија дека Премиерот нема брзо да оди во Скопје.