Во последните 20 дена забележен е пораст на бројот на пациенти со ковид-19 на кои им откажуваат бубрезите и мора да бидат ставени на дијализа, дознава порталот Плусинфо од Клиниката за Нефрологија.
„ Ова е тренд во последните дваесет и неколку дена. Од март до почетокот на септември немаше голем број на пациенти со ковид-19 и со бубрежни оштетувања.
Но сега ова е тренд. Правиме анализи на што се должи оваа појава. Дали е коинциденција или ќе продолжи понатаму, засега следиме и анализираме. Повеќето случаи имаат акутно бубрежно оштетување. Кај еден дел помага дијализата, а друг дел пациенти поминуваат и без дијализа“, изјави д-р Ирена Бушлетиќ, директорка на Клиниката за нефрологија за Плусинфо.






