Само 670 термини за ПЦР тестирања се слободни во текот на денот за пациентите кои се суспектни на коронавирусот и за кои матичните лекари се сомневаат дека би можеле да бидат заразени со ковид-19, објави Плусинфо.мк.
Ваков е одговорот на Министерството за здравство, откако матичниот лекар Ненад Лазаров вчера алармираше дека нема доволно ПЦР тестови за тестирање на државно и оти симптоматски пациенти чекат со денови, па и со недели, за да добијат термин за тестирање.
Целата информација на Плусинфо






