„До просторијата на матичарот се доаѓа низ ходник кој скоро и да нема покрив. Ѕидовите се покриени со мувлија и мириса неподносливо на влага.
Малтерот од таванот секојдневно паѓа и секој што треба да заврши работа тука треба да помине со страв до матичарот, објави Плусинфо.
За состојбата говорат и фотографиите кои ги објави порталот а направени денеска.






