„Оваа лажна вест е дел од психолошката војна што пропагандата на Зоран Заев ја води против опозицијата“, вели извор од ВМРО-ДОМНЕ за Плусинфо.
Лажната вест ја објави порталот Либертас, кој се повика на извори блиски до Чулев и тврдеше дека „одлуката за оставката веќе била донесена, а во текот на утрешниот ден ќе била и објавена“.
„Се работи за фејк њуз во рамките на психолошките притисоци кои ми се вршат.
Јас ќе пријавам и во ЗНМ и во Советот за етика“, изјави Наќе Чулев за „Локално“.
Владата денеска по втор пат ги поништи кадровските решенија на министерот Чулев.





