Плусинфо: Ковид-кластер во општинската зграда во Аеродром!?

Загрижени граѓани се јавиле во редакцијата на Плусинфо дека помеѓу вработените во општинската зграда во скопски Аеродром има шестмина позитивни на ковид-19, но општината не реагира и не ги известува граѓаните за ситуацијата.



Од Плусинфо во неколку наврати побарале одговор од Кабинетот на градоначалникот Златко Марин, но безуспешно.