Претседателкатана Уставниот суд, Добрила Кацарска, денеска имаше средба со претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и со претседателот на Собранието Талат Џафери.
Кацарска ги предупредила дека Уставниот суд е со четири судии помалку од предвиденото и оваа состојба трае повеќе од шест месеци и дека во ваква ситуација со која Уставниот се соочува за прв пат граѓаните трпат штети, бидејќи нивни иницијатвии и предмети се одложуваат, а Судот не може да одлучува, пренесе Плусинфо.
Оваа состојба, нагласи Кацарска, не е проблем само за Уставниот суд, туку и на државата и очекувам поддршка и нивна заложба за побрзо надминување на ситуацијата.
„Уставниот суд е независна институција и токму поради намерата да се заштити независноста и угледот на судот, неформални средби со политичари немаме и нема да има ниту во иднина. Затоа ќе ја информираме јавноста за секоја промена и сите апели и барања за поддршка“, изјави Кацарска по средбите .
Шефицата на Уставен предупреди на проблемите со кои се соочува судот и како тоа потоа се рефлектира.
„Указот за Преспанскиот договор и Законот за употребата на јазиците нема да бидат ставени на дневен ред, сè додека не се изберат девет судии“, потврди таа.
Кацарска дополни и дека судот работи со деловник стар 30 години…
Претседателката на Уставниот суд дополни и дека доколку до декември не се изберат нови судии, тогаш дефинитивно земјава ќе влезе во уставна криза, бидејќи не може да се работи со четворица судии.
„Претседателката на Судот посочи на проблемите со кадровската неекипираност, а исто така ги претстави техничките услови за работа на судот и потребата за нивно подобрување“, се наведува во соопштението испратено од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.







