Во детската градинка „Лале“ во населбата Аеродром, која е во состав на ЈГДОА „Срничка“, од програмата за завршната приредба е исфрлена песната „Нешто ќе те питам бабо”, како и придружната кореографија – црни баретки со беџови, со натпис „комити“, како и знамето со црна и црвена боја, дознава Плусинфо од вработен во градинката.

Управниот одбор на градинката „Срничка“ на 15 мај одржал седница на која решил програмта за завршната приредба да се изведе во изменета форма, без песната „Нешто ќе те питам бабо”, за што раководителот на објетктот „Лале“ е задолжен да го извести воспитувачот. Не се наведени никакви причини зошто песната или кореографијата се исфрлуваат од приредбата – пишува Плусинфо.
Според читателката која ја испратила оваа одлука, спорно е спомнувањето на Гоце Делчев.
„Се мислев дали да пишам, но мислам дека за ова и тоа како треба да се запознаете, од причина што станува збор за цензура. Прочитајте го известувањето од директорката на детската градинка Срничка, каде неколку дена за завршната приредба на дечињата упорно забрануваше изведба на македонска песна „Нешто ќе те питам бабо”, од групата Некст тајм, или бараше да се изведе во скратена форма „без стихот каде се спомнува Гоце Делчев!? Се цензурира песна на познати и признаени уметници. Дали треба на деца ова да им се прави?“ – пишува читателката.
Целата вест на следниот линк:





