Плусинфо: Еве кој, каде оди за амбасадор!?

Списокот со имиња на новите амбасадори кои треба да заминат на должност се чува во тајност додека тие не добијат виза од шефот на државата Стево Пендаровски, но „Плусинфо“ дојде до дел од имињата на амбасадорите кои, наводно, ги утврдила Владата на денешната затворена седница.



„Во Рим нов амбасадор ќе биде Рами Реџепи, во Белград нов македонски амбасадор ќе биде Васко Грков, Сашко Тодоровски  во Стразбур, Мишо Докмановиќ во Тел Авив, Шпреса Јусуфи  во Приштина, Данчо Марковски во Тирана, Милаим Фетаи во Загреб, Шабан Јашари во Катар, Теута Демјаха или Андреј Жерновски за ОН во Женева, Фатон Бејта во Копенхаген и Бети Јачева во Хаг.

Дане Талески е предлогот за нов амбасадор во НАТО во Брисел.

Нема информации кои ќе бидат новите амбасадори за Атина, Москва, Прага, Њу Делхи, Ватикан, Пекинг…дознава „Плусифо“