Седумдесетина возачи веќе потпишале договори и ќе возат за германска компанија во земјава која бара 120 возачи, дознава порталот од извори кои сакаат да останат анониммни.
Причина за „трансферот“ е растечкото незадоволството кај возачите во ЈСП „Скопје“ откако им ги намалија платите за 2.000 денари. Стотина возачи во март годинава веќе си заминаа од претпријатието, а новиот бран на заминувања се очекува деновиве.
Според Плусинфо и синдикалецот Маријан Поповски, официјално ги потврди информациите за заминувањето на возачите од ЈСП, но не прецизирал колкумина ќе го напуштат ЈСП од следниот месец.
Од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ не одговорија за порталотг за да потврдат или да ја демантираат оваа информација.
Плусинфо и во март годинава пишуваше за зголемениот број откази на возачи кои заминуваа да возат автобуси во меѓуградскиот и во меѓународниот транспорт, како и да работат во странство. Тогаш од ЈСП „Скопје“ ни го дадоа следниот одговор:
– Бројот на возачи со кои располага претпријатието е сосема доволен за покривање на секојдневните работни задачи за непречено и квалитетно функционирање на јавниот превоз. Во моментов располагаме со 650 возачи, до јуни по основ на пензионирање претпријатието ќе го напуштат 5 возачи, а само еден возач користи неплатено отсуство во период од 3 месеци.
Оттаму додадоа дека годинава, за жал, нема да бидат во можност да вработат возачи на неопределено време, со оглед на тоа дека Советот на Град Скопје без објаснување не го усвоил Годишниот план за вработување на ЈСП „Скопје“, кој предвидува во текот на 2023 година на неопределено време да бидат вработени 90 возачи.







