Ден Дончев уште во јануари заминал во Австралија!?

Поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување е во Австралија, од јануари откако ја напуштил земјава, наводно поради семејни причини, објави Плусинфо.



Извори блиски до поранешниот функционер за порталот тврдат дека „тој не побегна“ и дека наскоро ќе се врати зашто немал ни причина зошто да бега.

За напуштањето на Дончев на Македонија вчера објави Инфомакс.мк.

Против Дончев се води истрага лани на 20 мај кога тоа го потврди шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска која до денес не откри повеќе детали.

Плусинфо потестува дека, по барање на Обвинителството за организиран криминал, Управата за финансиско разузнавање утврдила дека Дончев добил над 3 милиони денари по основ на плати, од компанијата со основна дејност за интернет-портали „Ремаркет“, која се финансирала исклучиво од австралиската фирма „Мегантик“.

Дончев тогаш изјави дека парите што ги добил од компанијата „Ремаркет“ за консултантски услуги што ги дал за австралиската „Мегантик“ се најуредно пријавени во Управата за јавни приходи и за нив е платен соодветниот данок, како и дека воопшто нема страв од истрага бидејќи не е првпат во последните 20 години да се води истрага против него во кои секогаш било констатирано оти работел според законот.

Антикорупциската комисија го разгледа предметот по допрен глас и утврди дека Дончев нема пријавено дополнителни приходи.

Дончев на 5 мај лани соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата директор на ФЗОМ, поради здравствени и семејни причини.