Плусинфо: Бугарски пасош само за докажани бугарски активисти во Макдонија

Македонците коишто сакаат да извадат бугарски пасош наскоро ќе се соочат со нова процедура: Најпрво ќе треба да се зачленат во едно од бугарските здруженија во Македонија, па ќе треба теренски да се активираат и јавно да „лелекаат“ колку им се загрозени правата само затоа што се чувствуваат како Бугари, и на крај, врз основа на нивната едногодишна активност, бугарски проценители ќе одлучуваат дали „актерите“ заслужиле да ја добијат „улогата“, односно дали да им биде доделен бугарски пасош.



Ова за Плусинфо го тврди средовечен светиниколец кој со години работи како посредник и кој досега на илјадници Македонци им „помогнал“ да добијат бугарски документи заради економски цели.

Според негови сознанија, наскоро Бугарија ќе започне да ја применува новата стратегија. Како што тврди нашиот соговорник, од Македонците нема повеќе да се бара да приложуваат документи за докажување на бугарските корени, туку напротив, самите поднесители за бугарски пасош ќе мора да ја докажат „бугарштината“ во себеси.

Повеќе на следнииот ЛИНК